Скарлет Јохансон моментално во Шкотска го снима својот најнов филм „Under the Skin“ и при снимањето покажа дека и таа може да изгледа непривлечно, ако работата го бара тоа од неа. Инаку, на сите ни е добро познато кој секс симбол е Скарлет.
Сепак, за потребите на овој филм, Скарлет морала да има црна коса и стара, ветва облека, поради што било речиси невозможно да се препознае.

За време на снимањето таа пуши рачно завиткана цигара, а за да се заштити од студот носи огромна јакна, во која е тешко да се претпостави дека се наоѓа привлечното тело на Јохансон.
Дали вие би ја препознале?
