← НАЗАД НА БОЗА

Кога телото зборува за секс?

Кога телото зборува за секс?
1062 Читања

Од поглед до допири

Можете да флертувате на директен или дискретен начин. Кај директниот флерт се работи за брз телесен контакт, додека кај дискретниот флерт потребна е тактика, која обично почнува со заводлив поглед. Тоа трае неколку секунди и се повторува со пауза, бидејќи личноста гледа на друга страна, но со поглед се навраќа на вас.

Кога жените ги покажуваат своите сексуални сигнали?

Грешиме ако мислиме дека мажите се тие кои први го прават потегот на зближување. Многу сексолози и експерти мислат дека првите потези, и тоа во поголемиот број на случаи, го прават жените, без разлика дали за време на танц или на некој друг начин.

Разговор и бакнеж

Мажот често за време на разговор на жената пробува да и остави поволен впечаток со своите дотогашни успеси, а жените со емотивни знаци го прифаќаат или одбиваат. Еден од знаците на заинтересираност кај жената е играта со косата. Во повеќе од 50 % од случаи жените се тие кои го прават првиот допир. Тоа може да биде допир на вратоврската на мажот, кошулата, кои се најголемите знаци кои го нагласуваат првиот допир.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk