After Midnight

Кога жените најмногу флертуваат?

Нова теорија тврди дека периодот на овулација кај жената е најчестото време кога тие флертуваат.

Ново истражување објавено во авторитативното научно списание Hormones and Behavior, покажува дека колку повеќе се приближува периодот на овулација кај жената, толку посилна станува нејзината желба за флертување.

Интересно во случајот е тоа што желбата за флертување и секс кај жените не е во никој случај поврзана со брачниот статус на жената или тоа од колку време го познава својот партнер. Покрај тоа, токму во овој период на месечниот циклус жените ги менуваат своите критериуми на барање и почнуваат да бараат партнер којшто го сметаат за перспективен од аспект за создавање на потомство.

Науката одамна докажала дека во повеќето случаи жените го проценуваат својот потенцијален партнер според неговата надворешност, а потоа му даваат шанса да си го покаже и карактерот.

Write A Comment