Дали некогаш сте се запрашале кои се најпиратирани филмови во 2011 година? Сајтот „BitTorrent“ ни помогна да направиме список на филмови за кои гледачите се најмногу заинтерсирани.
На врвот на оваа листа се најде филмот „Брзи пет“ кој бил симнат 9.3 милиони пати оваа година. На второ место се најде филмот „Мамурлак“ со 8.8 милиони симнувања, а филмот „Тор“ со 7.9 милиони симнувања го зазеде третото место.
Подолу на листата се наоѓаат „Говорот на кралот“ кој е симнат 6.3 милиони пати и последниот филм со Хари Потер со 6 милиони превземања.
Сепак, минатата година, филмот „Аватар“ беше далеку поинтересен, па последователно на тоа бил превземен дури 16 милиони пати.
