Причините за бегство на мажите се речиси секогаш едни и исти. Ако повеќето „први“ состаноци ви се и последни, проверете дали не припаѓате на една од следниве категории.
Началничка е тип жена со која мажите несакаат да имаат ништо заедничко. Низ погледот на мажите таа е претерано независна и авторитетна, без ниту капка женственост и сексапил. Мажите предпочитаат жени со помек темперамент. Досадната жена нема сопствено мислење и е премногу дружељубива. Кај овие жени недостасува „wow“ ефектот. Другиот тип жена што ги плаши мажите е принцезата. Таа има големи потреби, највеќе материјални, се треба да биде модерно, дизајнерско и.т.н. Таа им се допаѓа на мажите но им изгледа малку вештачка. Во оваа категорија спаѓаат и егоцентричните и капризни особи. Мажите мислат дека едноставно не можат да си дозволат ваква жена и нејзините потреби. Наредната во класацијата е жената обземена од желбата за сопруг, дете и брак. Секој маж бега од жена која уште на првиот состанок зборува на тема брак и деца. Ексхибиционистката пак уште на првиот состанок ќе сподели со мажот за најличната и негативна информација зошто сака да се открие целосно. Но за жал мажите не сакаат жените да ги фрлаат како карти на масата своите емоционални проблеми.
