Celebrity

Кој е најдобар Бонд на сите времиња?

Резултатите од истражувањето спроведено од британската агенција „OnePoll“ покажаа дека една третина од вкупниот број испитаници мислат дека Шон Конери е „единствениот, вистински Бонд“. Дали вие се сложувате со нив?

Роџер Мур во својот говор кој го одржа на универзитетот во Оксфорд кажа дека тој е вистинскиот Бонд.

–   Конери е добар актер, но веројатно би бил уште подобар ако го разбирав што зборува, додека пак, „Казино Ројал“ со Даниел Крег потсетува на една реклама…“ – е она што го мисли Роџер за другите Бонд актери.

Најновиот филм од серијалот наречен „Skyfall“ повторно ги поттикна прашањата од типот кој е најдобриот Бонд на сите времиња. Анкетата покажа дека обожавателите на тајниот агент 007 сметаат оти Шон Конери ја заслужува таа титула, а на второ место се наоѓа актуелниот 007 – Даниел Крег.

На трето место со 17 проценти од гласовите е Пирс Броснан.

Write A Comment