Celebrity

Кој е поскап – Шакира или Кидман?

Се работи за „тезгите“ на пејачките, а одговорот може да ве изненади…

Шакира се договарала со индискиот режисер Румиј Џафери да ја отпее песната за новиот филм „Gali gali mein chor hai“, но на крај излегло дека оскаровката Никол Кидман ќе биде таа што ќе пее за филмот.

Колумбиската пејачка, наводно ја подигнала цената за хонорарот во текот на преговорите, па Џафери морал да ѝ се заблагодари и да побара друга ѕвезда.

Одлучил Никол Кидман да ја пее нумерата за филмот, бидејќи со неа успеал да постигне компромис. Оскаровката побарала 690.000 фунти за оваа „тезга“.

Боливудските режисери многу често ангажираат странски ѕвезди да пејат во нивните филмови, за да можат да ги промовираат филмовите и на музичките канали. Засега, најголем хонорар, чиј износ не е познат, добила Кајли Миног за филмот „Blue“.

Write A Comment