Celebrity

Кој е задолжен за играчките на Бонд?

Улогата на Кју му е доверена на еден 31-годишен дечко, што е преседан во однос на другите филмови за Џејмс Бонд.

Кју (Q) во филмот „Skyfall“ ќе го игра Бен Вишо, кој на публиката ѝ е познат како главен лик од филмската адаптација на романот „Парфем“. Вишо (31) засега е најмлад актер во историјата на Бонд за улогата на Кју. Тој е дури 12 години помлад од Даниел Крег кој ја игра главната улога или Џејмс Бонд.

Досега улогата на Кју ја имаат играно: Питер Бартон, Џезмонд Луелин, Џон Клиз и Алек Мекауен, а сите се на средовечни години.

Вишо последно играше во филмот „Олуја“ заедно со Хелен Мирен.

Напиши коментар