Celebrity

Кој ќе го глуми Мајкл Џексон?

Филмот за животот на кралот на поп музиката, Мајкл Џексон е веќе во подготовка. Застапникот на семејството Џексон, веќе е во потрага по актерот кој ќе ја добие главната улога.

Затоа што Мајкл беше црнец кој се “претвори” во белец, се јавува прашањето дали актерот ќе биде со афро-американско потекло.

Наводно во игра се: Џастин Тимберлејк, Џони Деп, Џејми Фокс, Бруно Марс и Андре од групата Outkast.

За адекватно да биде претставен кралот на поп музиката, актерот ќе мора со саати да мине во шминкерницата.

Снимањето на филмот би требало да започне кон крајот на следната година, па продуцентите ќе имаат време да го изберат вистинскиот актер, кој достојно ќе ја одглуми улогата на Мајкл Џексон.

Write A Comment