Групата „Rolling Stones“, која е активна скоро педесет години на музичката сцена, влегува во „Греми“ куќата на славните.
Секоја година, музичката академија „Греми“ избира музичари кои треба да влезат во нивната куќа на славните, а критериум за влез, освен популарноста и музичкиот придонес ,е да свират повеќе од 25 години.
„Rolling Stones“ дефинитивно ги исполнуваат сите критериуми, а освен нив, оваа година во куќата влегуваат и Брус Спрингстин, Тина Тарнер и Глорија Гејнор.
Греми куќата на славните е основана во 1973 година.
