Celebrity

Кој заслужи да биде жена на годината?

Според еден од најпознатите списанија „Билборд“, американската пејачка Тејлор Свифт е заслужна за титулата „жена на годината“.

21-годишната кантри пејачка е најмладата добитничка на ова признание кое претходно го имаат добиено Бијонсе, Ферги и многу други. Тејлор наградата ќе ја прими на свеченоста „Жените во светот на музиката“ која ќе се одржи на 2-ри Декември во Њујорк.

Најновиот албум на Тејлор Свифт „Speak Now“ е продаден во повеќе од 3,6 милиони примероци. Инаку, оваа награда е само уште една во низата признанија на Свифт, која во 2010 година со албумот „Fearless“ стана најмладата пејачка која ја имаше честа да прими Греми награда.

Напиши коментар