Celebrity

Која е штитеничката на Џеј Зи од Косово?

Пејачката Рита Ора која има само 20 години и води потекло од Приштина, Косово стана дел од екипата на раперот Џеј Зи со име „Roc Nation“. Деновиве таа издаде ново видео во кое може да се види како таа пее во студио.

Инаку, прв пат на музичката сцена се појавила во 2008 година, кога била пратечки вокал на пејачот Крег Дејвид. Талентот на младата Албанка од Косово го забележал Џеј Зи кога во 2009 година, Рита влегла во финалето на Евровозија заедно со британскиот кандидат.

Сега Рита е дел од етикетата „Roc Nation“ која е дело и труд на Џеј Зи, а неодамна на ЈТјуб се појави нејзиното видео во кое таа пее и коментира како сите од екипата станале вистинско семејство.

Напиши коментар