Започнувајќи од Бразил, преку Јужна Африка и Тајланд, па сè со САД, во официјалното музичко видео на Дејвид Гета и Ашер може да се види една журка на плажа која се простира низ целиот свет. Колаборацијата се вика „Without You“ и е последен сингл од петиот студиски албум на францускиот диџеј Гета.
Видеото е одлично, а сите во него скокаат во ритамот на песната. Со моќните нозе и пеењето предизвикуваат дури и земјотрес на сите континенти. Се работи за најјаката журка на светско ниво било кога одржана.
Еве погледнете го и самото видео кое излезе вчера:
httpv://www.youtube.com/watch?v=jUe8uoKdHao
