Штом е период на празници, значи е време за подароци. Светски популарниот бенд „Coldplay“ се одлучил на своите фанови да им подари една песна снимена во живо.
Членовите на бендот на своите обожаватели им се заблагодариле со соодветен подарок за претстојните празници со новата божиќна песна која е изведена во живо на 21-ви Декември во Берлин.
На почетокот на видеото „Christmas Lights (live in Berlin)“ пишува:
– Среќен Божиќ и фала ви на сите кои оваа година ја направивте за нас да биде посебна. Што и да славите, се надеваме дека одлично ќе си поминете.
