After Midnight

Колку долго трае фаталната привлечност?

Почетната занесеност, заљубеност и воодушевување траат точно пет минути. Меѓутоа не завршува сé тука. Ако од оваа фаза се премине на поле љубов, како што тврдат научниците, тука може да се задржите максимално четири години. После тоа следат кризите.

Иако прашањето “колку таре љубовта” е вечна тема, после многубројните научни истражувања утврдено е дека љубовниот хормон се “троши” по четири години. Сексолозите се пак поригорозни и велат дека љубовта трае една година, а потоа партнерите се заситуваат еден од друг и си здосадуваат. Остануваат во врската заради морални, економски причини, а некои пак од стравот за нов почеток остануваат во врската иако не им одговара.

Кога станува збор за бракот, сексолозите сметаат дека кризите се најголеми во седмата година. Но, со ова не се сложуваат бракоразводните адвокати. Тие сметаат дека партнерите во бракот првиот удар го доживуваат во петтата година, а се разведуваат неколку години покасно, во 12-та година од бракот.

Write A Comment