За добaр секс потребен е добар партнер и секако страст. Но, иако оваа формула е доста едноставна, постојат фактори кои сексот можат дополнително да го зачинат и да го подигнат на повисоко ниво. Мислите дека сте добри во кревет? Преиспитајте ги своите постапки и доколку е потребно направете драстични промени.За да ви помогнеме ви презентираме неколку грешки кои го уништуваат кавалитетот на сексот.
Секс по распоред
И покрај тоа што е добро да се биде организиран и да се води сметка и за најмалите ситници, сексот не би требало да биде на листата на обврски. Иако е многу тешко да издвоите време за романтично водење љубов под свеќи, она што никако не смеете да го изгубите е спонтаноста. Спонтаниот секс всушност е нај страствен.
Секс на екс
Сексот на брзина може да биде многу страствен и посакуван, но ако секој ваш сексуален однос трае неколку минути време е да се запрашате: Дали ова навистина е се што можете? Најголем дел од мажите ја прескокнуваат предиграта, па затоа вие треба да превземете контрола и да го наметнете вашето темпо. Никогаш не ја потценувајте предиграта!
Секс без страст
Ако вие сте од оние кои сексуалното уживање го мешате со обврска која мора да ја завршите за вашата врска да биде успешна, а последниот оргазам сте го доживеале минатото лето, време е да нправите промена, бидејки проблемот не е во вас туку е во начинот на кој гледате на сексот. Предиграта, заведувањето и сите останати начини на разгорување на страстите постојат со причина, доколку сакате да уживате на би требало да ги прескокнувате.
Сексот како рутина
По одредено време поминато со партнерот партнерите веќе на памет знаат која положба во сексот им одговара најмногу. Иако тоа не е лошо, сепак тенка е границата помеѓу препознавање на потрбите на партнерот и монотонијата. Задржете ја својата рутина, сепак обавезно од време на време направете излет кој ќе ги разбие вашите навики.
