После неколку не така големи улоги, Анџелина Џоли би требало да заблеска на големото платно во улогата на жената која ги положи темелите на модерниот Близок Исток.
Режисерот Ридли Скот ја одбрал Анџелина за улогата на Гертруда Бел во истоимениот филм за Британката која на почетокот на 20-тиот век силно допринела за настанувањето на самостојните држави Јордан и Ирак.
Гердтруда се смета за една од најхрабрите жени во своето време бидејќи на британската империја ѝ го доближила светот кој дотогаш важел за „машки“.
За време на Првата светска војна, Бел работела за британските разузнавачки служби и придонесла за рушењето на Отоманското царство и основањето на Ирак. Со тоа го предизвикала дивеењето на Арапите.
Џефри Кејн е задолжен за сценариото, а кога ќе започне снимањето на филмот „Гертруда Бел“ сеуште не е познато.
