Celebrity

Критики и свирежи за Мадона!

Мадона стоечки го поднесе скандирањето и свиркањето на незадоволните фанови кои се собраа во Лондон на премиерата на нејзиниот филм „W.E“.

Пејачката, на црвениот тепих се појавила сама, а било воочливо како никој од нејзините пријатели не се појавил за време на вечерта да ѝ пружи поддршка. Филмот зборува за љубовната врска на еден член од британското кралско семејство, односно на принцот Едвард со Волис Симпсон. Поради таа љубов тој абдицирал од тронот.

Критиките за филмот ја искасапија Мадона, а ни публиката не беше нешто особено задоволна.

Да биде поголема иронијата, веднаш по проекцијата на филмот Мадона изјавила:

–   Не е важно што велат критичарите, важно е што вели публиката.

Напиши коментар