Сами направете купка која ја практикувале принцезите од Истокот.
Направете паста од:
– 3 лажици јогурт
– 3 капки есенцијално масло од јасмин
– 2 лажици ржано брашно
– малку вода
Од пастата која ја добивте намачкајте го целото тело. Оставете малку да се засуши, а потоа влезете во када полна со топла вода. Одморете 20 минути. Откако ќе го измиете телото, намачкајте се со омилената крема за тело. Кожата ќе биде прекрасна.
