Дестинации

La Samanna villas

Сте слушнале ли за Свети Мартин? Епа североисточниот карипски остров лежи на околу 300 километри источно од Порторико и е составен од француски и холандски дел, но англискиот јазик е доминантен на целиот остров. Тука посетителите можат да уживаат во веселиот ноќен живот, нудистички плажи, накит, казина и локалниот пијалак „guavaberry rum“.
La Samanna Villas се наоѓа на францускиот дел од островот и е пространа и модерна локација, со живописни прозорци кои даваат поглед кон плажата Cupecoy. Вилите се опкружени со палуби преку кои ќе навлезете во прекрасниот тропски амбиент. Исто така, уживајте во infinity базените и најразличните мали детали кои само ќе го надополнат вашето задоволство.

 

Write A Comment