На почетокот на врската за да им се допаднат на своите партнери жените им кажуваат работи кои тие сакаат да ги слушнат. А потоа, со текот на времето мажите мислат дека партнерката се променила, а таа всушност само си го покажала вистинското лице и сé тоа го кажала само за да му се допадне повеќе.
Тоа е мојот “бивши”
Кога ќе и стигне порака или ќе и заѕвони телефонот таа вели: “тоа е мојот поранешен”, сакајќи да потенцира дека тој сеуште не ја преболел и дека има и друг маж кој сеуште ја сака, не сте само вие. А всушност она разговара со својата пријателка.
Сакам кога имам многу време за себе
Тоа го кажува со цел да ви потенцира дека нема од вас да бара да бидете со неа постојано. Дека таа е една од ретките кои не се досадни и нема да бараат од партнерот да биде постојано до неа. А, за некое време работите значително ќе се променат.
Имам еден куп машки пријатели
Со ова таа сака да докаже дека одлично го познава машкиот свет, но блефира.
Ми одговара лабава врска
“Не си слободен за да бидеме во врска, но и јас сакам такво нешто. И мене не ми одговара врска која ќе ми дава обврска да правам нешто секој ден”. Ова го кажува само за да ве придобие. А, ако паднете на ова ќе направи се за да станете слободен, да ја прекинете врската и да и се посветите на неа.
Не сум чувствителна
Кога ќе и го откажете закажаниот состанок, таа ќе одглуми дека воопшто не ја повредило тоа. Но, на долг рок, кога вашата врска ќе биде подолга таквите откажувања ќе ја разбеснуваат.
