Убавина

Ласерска депилација – да или не?

Трајната депилација е се подостапна. Цената не е за потценување, но ништо не е скапо ако тоа значи дека трајно ќе се решите од влакната. Замислете си да не мора секој месец да закажувате депилација во салоните, а да не зборуваме за тоа колку е напорно депилирањето во домашни услови.

Проблемот е тоа што на телевизија сме бомбардирани со куп реклами за ласерското депилирање, ваква метода, онаква метода, но ниту една не дава одговор на прашањата што не мачат.

Пред вас се неколкуте вистини за овој револуционерен зафат.

Зрачењето од ласерската депилација е штетно!!!

Ласерската светлина е фокусирана само на фоликулите во кожата односно на пигментот, меланин. Практично станува збор за долготрајно уништување на влакното, другите делови од кожата се потполно заштитени.

Не е добро ласерски да се отстрануваат влакната под пазуви или околу дојките бидејќи тука има многу жлезди!!!

Ласерот не пробива до ткивата кои се наоѓаат под површината на кожата, затоа во никој случај не може да им наштети. Методот на трајна депилација е потполно безбеден за сите делови на телото, освен за делот околу очите.

Третманот се прави само зиме!!!

Резултатите подобро се постигнуваат на кожа со природен тен, но слободно можат да се изведат и во летниот период. Постои само едно правило, да не се изложувате на сонце или солариум неколку дена пред и после третманот.

Ласерот може да ја изгори кожата, да направи трајни дамки и флеки!!!

Несаканите ефекти нема да настанат доколку со ласерот работи стручно лице што добро ја познава својата работа. Разгледајте ги понудите, а најмногу обрнете внимание на условите и гаранцијата што ви ја нуди салонот.

Ласерската депилација е забранета на луѓето со хормонски пореметувања!!!

60 % од клиентите се луѓе кај кои под дејство на хормоните се појавила видлива длакавост по телото. Што значи ова е вистински спас за сите оние девојки што имаат комплекс поради многуте влакна.

Ефектот од ласерската депилација трае само 2 години!!!

Факт: причината за овој мит е тоа што на почеток се појавија многу третмани со ограничено дејство и што бараа повторување на постапката многу пати. Поновите ласери гарантираат траење од минимум 6 години, а во иднина се очекува и повеќе.

Нема гаранција, нема резултати!!!

Најчесто поставувано прашање е, Дали давате гаранција? Гаранција за овој третман, и за останатите слични третмани, не постои никаде во светот. Никој не може да ви гарантира дека утре нема да ви пораснат влакна. Сечија природа е различна.

Write A Comment