Завчера доцна вечерта се одржаа 12-тите по ред Латински Греми награди, а настанот се случи во Лас Вегас. Овие награди се доделуваат со цел да им се даде признание на изведувачите кои пејат на шпански и португалски.
Овогодинешните награди беа целосно фрлени во сенка од страна порториканскиот рапер „Calle 13“ кој со себе однесе неверојатни 9 Греми признанија.
На доделувањето на наградите настапија и бројни ѕвезди од калибарот на Шакира, Марк Антони и Питбул кои ја кренаа публиката на нозе со „Rain over Me“, потоа Ашер и Ромео Сантос со латинскиот хит „Promise“, Деми Ловато и многу други.
Тука можете да ги погледнете поинтересните изведби таа вечер:
http://www.youtube.com/watch?v=7NHRUmNAkPA
http://www.youtube.com/watch?v=TTXZtO-LV9o
http://www.youtube.com/watch?v=xl7rwrxktHM
