Менаџерот на мега-популарната Мадона, Лиз Розенберг, изјави дека информацијата за претстојната турнеја на пејачката во 2012 година е лажна.
Изјавата која ја пласираа на интернет главните промотери на турнејата на Мадона во 2012 година е невистина. Според изјавата, Мадона требала да настапува на 13-ти Октомври во Нов Зеланд, но тоа никогаш не се случи.
Долгогодишниот менаџер на Мадона за односи со јавност ја демантираше информацијата и сите останати настани објавени на тој интернет сајт.