Celebrity

Легендарната Грејс Кели на филм!

Во план е да се сними филм за животот на легендарната актерка Грејс Кели.

Филмот за славната актерка и принцеза од Монако ќе се вика „Грејс од Монако“ и ќе го продуцира Пјер Анж Ле Погам. Други детаљи во врска со филмот сеуште не се познати, како ни кој ќе ги игра улогите на мајката Каролина, на Алберта и на Стефани од Монако.

Грејс Патриша Кели е родена во Филаделфија, 1929 година. Со неполни осумнаесет години доаѓа во Њујорк да си ја испроба среќата како актерка. Позираше и како модел и имаше неколку споредни улоги на Бродвеј, за четири години подоцна да отпатува во Калифорнија и да го сними првиот филм „Четиринаесет саати“.

Веднаш потоа добива и други улоги во познатите филмови „Mogambo“ и „High Noon“, за конечно да сними филм со легендарниот Алфред Хичкок во 1954 година.

Успесите се редат еден по друг, па Кели добива и Оскар за улогата во филмот „County Girl“. Голема промена во нејзиниот живот внесува запознавањето со принцот Рени од Монако, по што таа се откажува од актерската кариера и му се посветува на семејството. Принцезата Грејс погинува во сообраќајна несреќа на 14-ти Септември 1984 година на 52-годишна возраст.

Write A Comment