Мич Вајнхаус, таткото на неодамна починатата Ејми Вајнхаус ѝ дал зелено светло на Лејди Гага да ја игра улогата на нејзината ќерка во филмот што треба да се снима за нејзиниот живот.
– Слушнав дека Лејди Гага изразила желба да ја глуми мојата Ејми, бидејќи ѝ се восхитувала на музиката и на успехот. Одлучив да ѝ ја исполнам таа желба, – изјавил Мич.
Единствено го загрижува дали Гага ќе успее да го совлада британскиот нагласок и ѝ советува веднаш да ја прифати улогата и да почне да работи на учење на акцентот.
На роденденот на Тони Бенет, Мич ги запознал и родителите на славната Гага.
– Седевме на иста маса и разговаравме цела вечер, тие се навистина многу пријатни и нормални луѓе, – открива Мич.
