Celebrity

Лејди Гага на местото на Фреди Меркјури?!?

Лејди Гага моментално преговара со гитаристот на групата „Queen“ Брајан Меј, со цел да стане главен вокал на легендарниот бенд, пишуваат британските медиуми.

Со тоа би се пополнило местото на пејачот кој загина трагично и беше еден од најдобрите вокали на денешницата. Значи, Гага би го заменила Фреди Меркјури кој загина во 1991 година. На негово место од 2004 до 2009 година пееше Пол Роџерс, а сега „Queen“ бараат нов пејач со кој би тргнале на светска турнеја.

Меј се надева дека Гага, која своето уметничко име го избрала токму по големиот хит на групата „Radio Ga Ga“, ќе ја прифати неговата понуда.

–        Постојано разговараме за турнеја, но проблемот е во тоа што немаме пејач. Сум работел со Лејди Гага, таа е доста креативна; разговаравме и за идејата да биде фронтмен на групата. Таа не е само пејачка, таа ги компонира своите песни, – изјавил Меј.

Што и да се случи, бендот сигурно ќе има барем еден преработен дует со Лејди Гага, а од сето тоа ќе се подготви и ТВ шоу.

Напиши коментар