Најпопуларниот Француски ликер во домашни услови. Феноменален пијалак кој доколку го спремите уште денес ќе имате незаменлив пијалак за новогодишните и божиќните празници.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

44 коцки шеќер (250 грама)
44 зрна кафе ( 30 грама)
1 портокал
½ вотка или ( испробано со ракија )
½ рум

ПОДГОТОВКА:
Во поголема тегла ставете ги состојките со тоа што портокалот ќе го избоцкате со игла за да може во него да ги вметнете сите 44 зрна од кафе. Чувајте ја теглата на ладно и мрачно место. Кога ликерот ќе биде готов тргнете го портокалот и зрнцата кафе процедете го низ газа и ставете го во убаво декорирано шише.
Á votre santé!!!
На здравје !!!
