ШоуБиз

Линдзи Лохан се вљубува два пати во една недела

Иако овие денови се слушнаа разни муабети дека Линдзи Лохан е во љубовна врска со милијардерот Викрам Чатвал, по сè изгледа дека реалната состојба е многу поинаква. Да, Лохан повторно е заљубена, но овој пат во Филип Плеин. Имено, изминатиов викенд, овој германски дизајнер ја довел Линдзи со себе на претставувањето на неговата нова модна линија во Италија, каде подоцна се одморале и уживале во различните деликатеси на италијанската кујна.

–        Линдзи се одмора во собата на Филип откако пристигна во Италија, – изјавил близок извор.

Засега таа и Филип немаат ништо потврдено, ниту демантирано пред окото на јавноста.

Write A Comment