After Midnight

Љубоморната жена ја уништува врската!

Љубоморната жена е опсесивна, одмаздољубива, агресивна, искомплексирана, садистична, опседната…вистинска природна непогода. Љубоморната жена е преплавана од страв дека ќе биде оставена. Љубоморната жена најдобро да не ти е дома. Речиси секој маж пати од болно љубоморна жена. Таа постојано негодува, звони на секои 5 минути, сака да знае и најситни детали каде си и со кого и што правиш, бара постојано да и кажуваш дека ја сакаш, да ја опсипуваш со подароци, постојано да ја докажуваш својата љубов и верност. Љубоморната жена е преполна со комплекси, за неа секоја поубава, попаметна и поинтересна жена е потенцијална соперничка. Има недостиг на самодоверба и не може да преживее дека друга жена има нешто што таа нема. Завидува, злобна е и крои пеколни планови за одмазда, без да има реална причина да го прави.

Таа страда од несигурност, постојано стравува дека ќе биде повредена или напуштена, а помислата дека партнерот ќе ја изневери буквално ја полудува. Ваквото поведение води до емоционално истоштување и на двата партнери и потикнува кон изневера.

Тешко се живее со љубоморна жена и врската со неа е осудена на пропаст. Клучот за справување со љубомората е довербата.

Write A Comment