After Midnight

Љубов е или страст?

Љубовта и страста се комплицирани и изпреплетени чувства, кои ретко имаат допирни точки помеѓу себе. Страста е краткотрајна забава. Љубовта е долготрајна. Дури и ако понекогаш овие две нешта си наликуваат, треба да сте способни да ги разликувате.

Важно е да решите што барате и што сакате. Се зависи од вас самите.

Сраст е ако тој тотално се фокусирал на твоето тело и не гледа ништо друго. Уште пред да ти го научи името, тој фантазира за тоа како изгледаш гола и како би било да има секс со тебе. Не се интересира многу од тоа што зборуваш. Со тебе е само тогаш кога имате секс. Не одговара на твоите повици и те гледа само како вентил за своите сексуални потреби. Откако се поднапил во друштвото на своите пријатели и станало 3 часот наутро, зошто да не ти се јави за малку секс пред да заспие?  И веднаш после сексот ти треба да си одиш, без гушкање, без заеднички појадок и без никаква надеж за врска.

Љубов е кога има хемија, кога сака да разговара со тебе со часови, кога и без шминка си најубавата за него, кога сака да биде секој слободен миг со тебе. Се што сака е да биде со тебе, дури и без секс. Те запознава со семејството и пријателите бидејќи веќе знае дека ти си вистинската. Љубов е кога те вклучува во сите негови планови.

Напиши коментар