After Midnight

Љубов на прв поглед! Вистина или мит?

Многу често гледаме романтични филмови во кои се раѓа љубовта на првиот поглед. Но, дали е така и во реалноста. Дали навистина постои љубов на прв поглед или тоа е само мит?

За да се добие одговор на ова прашање направено е едно научно истражување од кое е дојдено до заклучок дека доволни се пет минути разговор или блиска комуникација при која ќе се најдат многу заеднички теми, за да се роди љубовта.

Да, може да се родат некакви чувства но рано е тоа да се нарече љубов. Кога ќе видите некој што ви се допаѓа се будат чувства на возбуда, трема, но тоа не е љубов. Има многу работи кои треба да се случат за да се каже дека тоа што го чувствувате е навистина љубов.

Не ретко се случува и да чувствувате нешто кон некого и да треба само една мала ситница за да ви се сменат чувствата. Затоа научниците тоа го нарекуваат вљубеност, но тоа е далеку од љубов.

Напиши коментар