Celebrity

Љубов, секс и криминал

Значи, овој пат Бритни навистина навали со одличните музички видеа. Вчера излезе и спотот за четвртиот сингл на Спирс од албумот „Femme Fatale“ кој се вика „Criminal“. Видеото е снимено во Лондон, по барање на Бртини и претставува сплет на љубов, секс и криминал. Кога еднаш ќе го погледнете видеото, верувајте ќе сакате повторно и повторно.

Криминалецот во кој е заљубена во спотот, го игра нејзиниот дечко Џејсон Травик, кој во приказната на песната ја спасува Бритни од дечкото кој е тотален глупак и ја третира како предмет, за потоа таа да се вљуби во него, во криминалецот. Иако тој е опасен и го бара полицијата, љубовта меѓу нив е силна и пред сè, физичка. Бртини изгледа неверојатно и без маана.

Еве, видете и сами:

Напиши коментар