← НАЗАД НА БОЗА

Мадона се враќа во музиката со нов албум

Мадона се враќа во музиката со нов албум
732 Читања

Сега, откако нејзниното деби како режисер е успешно завршено, а филмот „W.E“ широко промовиран, Мадона повторно се сврти кон својата музичка кариера и студискиот живот. На Венецијанскиот филмски фестивал, пејачката изјавила дека нејзиниот 12-ти студиски албум ќе излезе на пролет, 2012 година, а првиот сингл ќе се појави во февруари или март.

Откако ќе се врати во САД, таа планира да го започне снимањето во Њујорк, кое ќе трае до крајот на годинава. Последниот албум на Мадона „Hard Candy“ излезе во 2008 година во соработка со музичката куќа „Warners“. Новиот албум на кој се работи од јули оваа година ќе биде на продуцентската куќа „Live Nation“, а се работи за продуцентот Вилијам Орбит, долгогодишен соработник на Мадона.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk