Celebrity

Магични факти за магичниот Хари Потер

Филм кој ги плени срцата на сите, без разлика дали сте мало дете, тинејџер или возрасен. Нема кој не гледал барем еден од филмовите на Хари Потер и не бил понесен од магијата и волшебноста на тамошниот свет. Гледајќи го филмот се внесувате и се ставате себе си во улогите на Хари, Рон, Хермиона и многу други, па признајте дека потајно и вие посакувате да имате слични моќи. Еден од најгледаните филмови на сите времиња и филмови со најголема заработка и гледаност. Прочитајте неколку интерсни факти за филмот Хари Потер кои досега сигурно не сте ги знаеле:

–          Писателката Џ.К. Роулинг и Хари Потер слават роденден на ист датум, 31 јули.

–          Волдеморт е роден на 31 декември.

–          Филмот за Хари Потер кој заработи најмалку досега, направи 90 милиони долари повеќе од најуспешниот „Самрак“ филм.

–          Волдеморт на француски значи „лет на смртта“.

–          Шоферот и кондуктерот во ноќниот автобус, Ерни и Стенли се именувани по дедовците на писателката.

–          Близнаците Визли, всушност не се црвенокоси, а роденденот го слават на денот на шегата, 1 април.

–          За време на сите Хари Потер продолженија, дури шест актери ја играле улогата на Волдеморт.

–          Џ.К. Роулинг е првата личност што со пишување книга станала билионер.

–          Толку многу луѓе оделе да ја посетат станицата „King’s Cross“ и ги сликале пероните 9 и 10, што менаџментот на станицата решил да извади знак на кој ќе пишува „Перон 9¾“.

–          Мотото на училиштето Хогвортс е „Никогаш не скокоткај змеј кој спие“.

–          За време на снимањето на филмот „Одајата на тајните“ меѓу актерската екипа се појавила епидемија на вошки.

–          „Avada Kevadra“, најпозната магија од филмот и значи „да се изчезне како овој свет“.

–          Од сите споредни актери, Снејп привлекува најмногу внимание кај обожавателите.

–          Моментално, училиштето Хогвортс го посетуваат околу 1000 ученици.

–          Дамблдор има околу 150 години.

–          Патронот на Хермиона е видра, бидејќи писателката сака видри и себе си се гледа во ликот на Хермиона.

–          Сириус Блек е именуван по најсјајната ѕвезда на ноќното небо, позната и како Кучешка ѕвезда. Поради тоа, кога Сириус ги користи моќите како анимагус се преобразува во големо црно куче.

Напиши коментар