ШоуБиз

Мајкл Џексон бил малтретиран од дете! Пораснал со татко монструм!

Откако започна судењето за да се утврди кој е виновен за смртта на Џексон многу тајни излегоа на виделина. Најново што беше кажано на судењето е дека Мајкл бил жртва на неговиот татко. Тој е воспитуван според друга религија, која не дозволувала нормално детство. На него не му беше дозволено да биде во шоубизнисот. А кога се реши да биде дел од него и да носи пари дома, беше максимално искористуван од страна на неговиот татко, изјавила Лајза Минели, блиска пријателка на Џексон.

За да се дистанцира од семеството тој го создаде прекрасното место Neverland. Тоа место го создаде за децата и нивните семејства. Тогаш започна нов пекол за него. Еден од родителите на децата му се заканил дека ако не му даде 30.000 долари ќе излезе во јавноста со приказна која ќе каже дека тој го злоставувал неговиот син. Тогаш Мајкл и се јавил на Лајза да го посоветува. Но, тој не го послуша мојот совет. Јас му реков да им каже се на своите адвокати за да се заштити. Но, тој сметаше дека тоа е лудост, изјавила Лајза.

Write A Comment