Понекогаш се случува дури и најслабите жени да застанат пред огледалото и да се прашаат: “Боже, дали овој фустан не ме прави подебела?”. Ете зошто неколку британски научници решиле да откријат зошто жените мислат, дека се дебели.
После низа истражувања и анкетирања, научници од University College во Лондон откриле дека изгледот на телото што се проектира во нашите мозоци кога се гледаме во огледалото е целосно искривен и е 2/3 поширок од обично. Ете зошто научниците сметаат дека нивното откритие објаснува зошто слабите жени мислат дека се дебели. Истото се забележува и кај мажите, но кај нив не се забележува толку јасно, бидејќи жените се значително почувствителни за некои делови од своето тело. Некои луѓе се погледнуваат во огледалото, ја добиваат проекцијата од своето тело и си велат, дека не се дебели. Се е сврзано со нашиот мозок и психата. Тоа е правилниот начин на мислење, коментира еден од научниците што го спровеле истражувањето.
Научниците ги добиле резултатите после низа тестови со доброволци. На овој начин тие создале карта на мозочната претстава за човечкото тело, којашто подоцна ја споредиле со реалните размери и форми на нашите тела. После крајот на истражувањето, научниците установиле дека растојанието меѓу показалецот и палецот на раката според мозокот е 69% поголемо од реалното растојание меѓу овие два прста.
