Celebrity

Малата и големата Ники Минаж настапуваат заедно:)

Откако мајката на 8-годишната Софи на ЈуТјуб објави видео каде Софи ја пее песната „Super Bass“ на Ники Минаж, а помалата 5-годишна ќерка игра во позадина, видеото стана вистинска сензација на интернет. Видеото го видела и Ники Минаж која решила да ги запознае девојчињата во емисијата на познатата Елен ДеЖенерес.

Софи не можела да престане да вреска и да ја гушка Ники, а на крај од емисијата двете заедно запеале. Софи уште еднаш остави огромен впечаток кај публиката. Ники, пак, на девојчињата им порача дека учењето треба секогаш да им биде на прво место, а музиката на второ.

Малата Софи веќе многу луѓе ја нарекуваат малата Ники Минаж.

http://www.youtube.com/watch?v=KyRyeCpYDuE

Напиши коментар