After Midnight

Мали тајни за страствена долга врска!

Во секоја љубовна врска е потребно многу да се вложува, за да се одржи и сочува од преоѓање во навика, предвидливост и досада. Еве неколку совети како вашето момче да биде силно заинтересирано за вас и по подолго време од врската…

 

Мали тајни за да го доведете момчето до „лудило“!!!

 

***Пред сè, потрудете се во животот и во љубовта работите да ги гледате од позитивната страна, да имате ведар дух и позитивен став кон животот. Секако дека момчето ќе има поголема желба почесто и подолго да се гледа со вас во колку знае дека времето поминато со вас, за него е секогаш пријатно бидејќи му се пријатни вашата насмевка и доброто расположение. Се разбира, тоа не значи  дека треба да глумете или пак во колку ве измачува некој проблем тоа да го криете во себе, не, туку тоа значи дека во себе ќе се трудите да ја пронајдете позитивната енергија која и те како ќе ви помогне и во решавање на проблемот.

 

***Потоа, немојте веднаш, на почетокот да му се откриете на момчето и сè да му раскажете за себе. Оставете го да ве запознава етапно, полека, пријатно да се изненадува, и притоа секогаш сочувајте еден дел во тајност, само за себе.

 

***Исто така, она што ќе му го зголеми и задржи вниманието е да не се согласувате на сè што ќе предложи. Не одете во крајност, не исполнувајте му ја секоја желба, постојано оставајте го со чувството дека уште нешто треба да се случи, а тоа ќе го држи во постојано исчекување.

 

***И покрај тоа што сте слободи, без обврски, гледајте да не сте секогаш слободни за него. Луѓето обично бргу се заситуваат, па затоа водете сметка за времето кое го поминувате заедно и покрај фактот дека вам ви е пријатно и убаво со него.

 

***Тоа што за секој однос е од голема важност е тоа да покажете почит за неговите интересирања. Во секој случај имајте разбирање за своето момче.

 

Напиши коментар