After Midnight

Малитe гради ветуваат голема љубов

Мажите ги обожуваат женските гради и тоа не е никаква новост. Но дека нивното однесување го одредуваат големината на женските гради, е тоа е нешто сосема непознато.

Едно истражување покажало дека склоноста на мажите кон големи или мали гради може да откријат многу работи за нив.

Па девојки, размислете убаво, задоволни ли сте со вашата големина на гради? Ако не сте, немојте да се грижите, бидејќи едно ново истражување на Универзитетот Wroclaw, покажало дека мажите ги сакаат жените со мали гради, бидејќи сметаат дека се поверни и полојални за разлика од оние кои се понадарени.

Поточно, поголемиот дел од испитаниците сметаат дека жените со големи гради не се соодветни за долгорочна и сериозна врска, туку само за краткотрајна сексуална авантура.

Истото ова истражување покажало дека мажите не „зјапаат“ само во женското деколте, туку и во лицето, а потоа и во убавата насмевка.

Напиши коментар