Во модерниот свет, грижата на мажите за сопствената убавина е подеднакво важна колку и женската грижа. Доколку сакате да станете попривлчени, тогаш следете ги овие совети.
ОТСТРАНЕТЕ ГО ВИШОКОТ ВЛАКНА
Во една студија спроведена во Нов Зеланд и Калифорнија која се однесувала на тоа што жените сакаат кога станува збор за изгледот на мажите, било заклучено дека жените преферираат мажи со помалку влакна. Кога требало да ги рангираат фотографиите од различни мажи, од претерано влакнести до депилирани, оние со помалку влакна добивале повисоки оценки.
НОСЕТЕ ЧЕВЛИ СО ПОДИГНАТ ЃОН
Иако пријателките веројатно ќе Ви кажат дека личноста е најважното нешто, истражувањата покажале дека жените секогаш се повеќе привлечени од мажите кои се повисоки од нив. Ова не значи дека за да имате успех кај жените треба да сте кошаркар, но имајте го овој факт на ум и ќе видите дека жените кои се барем неколку сантиметри пониски од Вас секогаш ќе Ви бидат понаклонети. Ако целите кон некоја повисока жена, тогаш купете чевли со повисок ѓон.
ИСПРАВЕТЕ СЕ
Слично како што бараат повисоки мажи, жените сакаат и мажи со супериорен став. Постојат повеќе причини зошто подобрувањето на држењето на телото може да Ви ги подобри и шансите со спротивниот пол. Не само што кога сте исправени се создава илузија дека сте повисоки, туку изгледате посамоуверени, подоминантни и поотворени.
СОЗДАДЕТЕ СИМЕТРИЈА СО БРАДАТА
Голем број студии во минатото потврдија дека жените преферираат мажи со симетрични лица, поради фактот што симетријата е индикатор за доброто здравје и според тоа база за избор на партнер. Иако не можете да сторите ништо за да го промените своето лице, можете да оформите брадичка која ќе ја потенцира симетријата.
НЕ СТАВАЈТЕ ПРЕМНОГУ КОЛОНСКА ВОДА
Вашиот сопствен мирис можеби игра клучна улога во прашањето дали некоја жена ќе биде привлечена од Вас или не. Некои студии укажуваат на тоа дека жените потсвесно го користат сетилото за мирис за утврдување колку мажот генетски се разликува од нив – колку сте генетски поразлични, толку ќе бидете попривлечни.
ВЕЖБАЈТЕ
Ако сакате да бидете популарни кај жените, мора да започнете со вежбање и правилна исхрана. Истражувањата покажаа дека најголем дел од жените сакаат мажи со мускули, особено кога се работи за краткорочни врски. Но, внимавајте да не претерате, затоа што жените сакаат тонирани мажи, но не и мажи со преголеми мускули.
