Не купувајте скапи и несоодветни подароци-Освен ако не сте тип што сака да фати спонзоруша, ваков потег нема да ви донесе екстра поени.
Не понудувајте да го делите јадењето, десертот или сокот -Сцената споделување на храната, или пиење на сок од две сламки изгледа добро само на филм.
Не заборавајте на туш – секогаш пред излегување истуширајте се. И ставете дезодоранс.
Не носете тренерка – освен ако првиот состанок не е во теретана.
Не носете изгужвана или искината облека – Облекување како просјак не е во ред. Доколку имате проблем да сфатите што е нормална облека земете со вас некоја жена средена и која се разбира од вкус и отидете во продавница.
Не и се понудувајте да идете кај нејзе – Првиот состанок би требало да биде во јавност, на добро осветлено место. Така е сигурно за двајцата.
Темата за разговор мора да се одвива полека – Не зборувајте за политика, социолошки или религиозни теми.
