Од времето на Клеопатра се познати билките и маслата од билки кои помагаат за убава, здрава и негувана кожа. Ние веќе неколку пати ви ги претставивме тајните рецепти за убавина на Клеопатра.
Овој пат ќе ви понудиме уште неколку практични совети.
Масло од камелија.

Ова масло е идеално за кожата. Содржи голема количина на витамин Е и антиоксиданси. Две капки од ова масло е доволно за вашата кожа да ја задржи свежината и еластичноста. Доколку помешате две капки од ова масло со ракија од ориз може да го користите како тоник за лице.
Маст од папаја. Во Австралија оваа маст се користи за смирување на кожата по убоди од инсекти. Но, доколку успеете да ја најдете кај нас, може да си помогнете со постојаната борба со брчките.
