After Midnight

Мажите први кажуваат: “Те сакам”

Додека повеќето луѓе сметаат дека жените се оние кои први ги кажуваат зборовите “те сакам”, ново истражување покажа дека има поголема веројатност дека мажите ќе ги  изговорат тие зборови први.

Исто така, мажите во испитувањето признале дека размислувале за изјавувањето на љубов, шест недели порано од нивните женски партнери.

Истражувачите заклучиле дека половите разлики во однос на времето и функцијата на зборовите: “Те сакам” се поврзани со тоа дали парот веќе имал секс.

Мажите можат да бидат поимпулсивни во начинот на кој ја изразуваат љубовта, но она  што значи љубов за мажите, а она што значи љубов за жените, може да биде многу различно, вели ко-авторот на студијата Џош Акерман, асистент професор по маркетинг на МИТ.

Мажите се оние кои најчесто први изјавуваат љубов во врската

Во серија истражувања, научниците откриле дека кај две третини од паровите, мажите биле тие кои први изјавиле љубов.

Мажите исто така покажале дека се значително посреќни од жените кога ќе ги слушнеле зборовите “Те сакам” откако биле еден месец во врска, а сè уште немале секс, додека жените се чувствувале посреќни отколку мажите, кога ќе слушнале: “Те сакам”, откако веќе имале секс во врската.

 

Напиши коментар