After Midnight

Мажите знаат да ги “читаат” скриените сексуални сигнали! Затоа внимавајте:)

Едно ново истражување во областа на “јазикот на телото”  докажува дека мажите имаат способност да ги дешифрираат скриените сексуални сигнали што жените несвесно ги праќаат. Затоа внимавајте што правите, за да не бидете “прочитани” уште на првиот состанок.

Кога жената си игра со косата за време на состанок, мажите тоа го разбираат како сигнал дека тој ви се допаѓа.

Ако жената пак се однесува како мало девојче и е капризна, или пак гласно се смее, тоа на мажите им покажува дека станува збор за неуверена особа и жена која по секоја цена се обидува да го привлече неговото внимание.

Ако жената го крие погледот додека разговараат и делува срамежливо, тоа  дава јасен сигнал на мажот дека веќе успеал да го привлече нејзиното внимание.

Повеќето жени ги вкрстуваат нозете и тоа не е сосема случајно. Тоа покажува дека се недостапни. Меѓутоа во моментот кога ги префрла нозете една врз друга и за кратко ги задржува малку раширени, тоа определено се толкува како покана за нешто повеќе.

И ете како навидум обичните гестови и движења можат да се толкуваат и на малку поразличен начин.

Напиши коментар