After Midnight

Мини трикови за успешно заведување

Како човек ја одбира личноста која му одговара?

Еволутивната психологија наведува интересен пример: “гладен човек” се определува потсвесно за некоја со облини, бидејќи таквата личност како да е подвижна реклама која соопштува – “имам вишок на храна”.

Со цел во праксата да се поткрепи оваа теорија, испитувани се студенти од кои едната група би требало да го оцени изгледот на студентките во момент кога ќе дојдат гладни во мензата, а другата по завршениот оброк. И, како што се очекува, гладните студенти се оценувани како пожелни од страна на девојките, а студентките се попривлечни доколку може да се пофалат со облините.
Значи, девојките кои немаат баш манекенски изглед би требало тоа да го искористат и со “партнерот” кој им се допаѓа пред да го наполни својот стомак.


А кој трик треба да го применат мажите?

Доколку машкото појде во освојување, не би било лошо со себе да ја поведе другарката која отворено ќе покаже колку се восхитува на неговата заводливост, смисла за хумор и приказни. Доколку има password кај својата другарка, веројатно девојката која треба да биде освоена ќе мисли дека е вреден за внимание.

Нормално, се подразбира дека би било добро во некој момент, таа другарка да измисли причина дека мора да си оди, за да го остави парот кој се запознава на само.

Еве уште неколку финти:

Истражувањата покажале дека мажите ако нежно ги допрат женските мускули, имаат 20% поголема шанса да освојат некоја девојка или жена.

Треба да се посвети внимание и на говорот на телото. Насмевките и движењето со главата изразуваат допаѓање, додека несвесното подлизнување на усните може да сигнализира повик за бурна ноќ.

Лицата кои одвојуваат време за повремено запишување на моментите на љубовните состаноци, за 20% се во поголема предност да останат заедно. Изгледа дека самиот тој чин на вербализирање на чувствата ги зголемува шансите за успех на врската.


Напиши коментар