Минимализмот во својата основна филозофија опфаќа чистина и едноставност. Минималистичкиот дизајн се базира на есенцијални и едноставни елементи во просторот, редуцирање на нештото само на потребните и неопходни елементи. Водејќи се од коренот од чиј начин на живот потекнува, од јапонскиот дизајн, минималистичкото уредување создава впечаток на екстремна едноставност поткрепена од чисти и едноставни линии и површини. Минималистичкото уредување може да варира од екстремно минималистичко до комбинирано – минималистичко уредување, што зависи од личниот вкус и желба на индивидуите.
Еве неколку погледи на минималистичкиот дизајн на ентериерот, кој можеби ќе ги разубеди скептиците и неговите противници.
Помал визуелен стрес

Пренатрупаноста е форма на визуелна дистракција, односно сите детали во видното поле го одвлекуваат вниманието. Минималистичкиот стил, спротивно на ова, делува смирувачки.
Допадлив за повеќе вкусови

За момент замислете ентериер исполнет со бројни елементи, и од друга страна, ентериер на минималистички уреден дом. Со вториот доминира просторот во кој се истакнуваат деталите и убавината на уметничките дела и парчињата на мебел, кои им се допадливи на повеќето од нас. Затоа, минималистичкиот стил може да допринесе домот да стане допадлив на повеќето лица кои престојуваат во него.
Лесно чистење

Големиот број на елементи во ентериерот побарува редовно чистење, однодно смукање на прашината, а поголем број бара повеќе чистење. Замислете колку е практично и лесно да се одржува празната соба во однос на соба со педесетина предмети во неа. Секако ова е екстремен пример кој служи само за илустрација на разликата помеѓу двата модела, бидејќи секако не е препорачливо да се има потполно празен ентериер.
