Миризливо топло кафе, свежо исцеден сок од портокал, лажица сладок мед и овесни снегулки. Или пак павлака, јајце и зелен чај… Сè она што ви е вкусно за јадење и пиење одговара и на вашето лице. Употребете ги овие намирници на лицето.
Кафето ги зацврстува контурите
Ако сакате да ги зацврстите нозете и задницата, во тоа ќе ви помогне кафето. Кофеинот освежува, ја извлекува непотребната количина на течност, и го активира ензимот кој го поттикнува губењето на мастите. Талогот од кафе помешајте го со маслиново масло и втријте го на кожата на нозете и задникот. Оставете нека делува половина час. Потоа измијте се со млака вода. Идеално би било овој третман да го практикувате еден месец на секои два дена. Ќе бидете изненадени колку лесно ќе се ослободите од целулитот.
Портокалот опушта
Доколку имате сува кожа ова е идеален рецепт за вас. Измешајте сок од портокал, мед, овесни снегулки и јогурт. Додајте ја оваа смеса во купката. Легнете во кадата и одмарајте. Тоа ќе ви даде дополнителна енергија, а и кожата ќе добие влажност.

Зелениот чај ја подмладува кожата
Зелениот чај содржи голема количина на антиоксиданси. Сварете јак чај. Со него чистете го лицето. Зелениот чај може да го користите како тоник.
Жолчаката ги брише брчките
Маснотиите кои ги содржи жолчката се идеални за кожата. Измешајте една жолчка со сок од морков, мед и маслиново масло. Оваа маска е идеална за зрела кожа.
Павлаката ја освежува кожата
Измешајте две лажици павлака со две лажици црн чај. Оваа смеса нанесете ја на лицето. Оваа маска може да ја практикувате три пати неделно.

Бадем за убав тен
Направете пилинг со мелен бадем и маслиново масло и павлака. Со оваа смеса нежно истријте го лицето. Освен тоа што ќе се ослободите од мртвите клетки, ќе и дадете влажност на кожата.
