Дали студената вода е добра за косата? Помагаат ли пакувањата од маслиново масло и јајца? Расте ли косата побргу ако ја мачкате со посебни масла? Ако потврдно климнете, сте наседнале на барем три мита за нега на косата. Еве и зошто:
1. МИТ: Жолчки, маслиново масло, мајонез и пире од авокадо се одлични регенератори
“Мрсната храна и масла на почеток можеби и ќе и дадат на косата чувство на влажност. Но овие состојки се задржуваат на кутикулите правејќи ги тешки и масни”, вели познатата стилистка за коса Ева Скриво.
2. МИТ: Ладната вода го враќа сјајот
Единствено што студениот туш враќа е чувството на студ. Косата се шири и собира зависно од влажноста, а температурата на водата со тоа нема никаква врска, објаснува Џим Хамер, хемичар од лабораторијата Чустер од Масацхусетс.
3. МИТ: Оцет и лимонов сок се одлични за сјај на косата
“Киселкастите состојки навистина делуваат како природни средства за бистрење. И ниту едно од нив не предизвикува сушење или оштетување. Користете ги повремено, за да ги отстраните насобраните нечистотии. Но не претерувајте бидејќи може да ги отстраните природните маснотии кои всушност и го даваат сјајот. Ако веќе користите оцет или лимонов сок разредете ги со вода – советува Хамер.
4. МИТ: Растително или рибино масло го поттикнува растот и ја прави косата поцврста
“Единствен витамин кој делува на растот на косата е биотинот. А хемиските и топлински оштетувања кои нашата коса секојдневно ги претрпува ќе имаат поголемо влијание на квалитетот и растот на косата отколку што било каков додаток во прехраната би можело тоа да го поправи – вели Нил Садик, дерматолог од Њујорк Сити.
