Убавина

Млада кожа и нејзината нега

Младите треба особено да посветат внимание на негата на кожата. Во овие години хормоните имаат особено големо влијание за изгледот на кожата. За да не дојде до последици, кои може да бидат и трајни превземете нешто со време.

Обрнете внимание на исхраната

Не си дозволувајте често консумирање на слатки, мајонез, масна храна. Тоа може само дополнително да допринесе за појава на акни. Јадете храна која е богата со витамини и минерали.

Нега на кожата

Мијте го лицето со сапун кој ќе ја неутрализира pH вредноста.

За девојчиња

Избегнувајте ја шминката. Таа може да ги запуши порите, а самото тоа доведува до акни. Доколку инсистирате на шминка одберете некоја полесна и похидрантна пудра.

За момчињата

Младите момчиња започнуваат со бричење, а тоа знае да предизвика реакција на кожата. За да не дојде до тоа, би било убаво за почеток да почнете со електрична машинка. Таа може да предизвика многу помала реакција. На оваа возраст машките најчесто имаат проблем со акните, затоа задолжително треба да посетат дерматолог. Акните од пубертетот може да остават трајни белези на лицето.

Write A Comment